Lokman İlhan
24 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
БОГОТА (АА) - Илјадници универзитетски професори протестираа во Колумбија поради незадоволство од имплементацијата на постигнатиот договор со Владата на таа земја, јавува Anadolu Agency (AA).
Професорите стапија во еднодневен предупредувачки штрајк, а штрајкуваа и минатата недела бидејќи Владата не го реализираше минатогодишниот договор за зголемување на буџетските средства за високото образование и подобрување на условите за работа во таа област.

Универзитетските професори организираа протестни прошетки во повеќе градови на Колумбија, а централниот собир е одржан во Богота.
И студентите ги поддржаа своите наставници на протестите.
Претседателот на Здружението на просветни работници на Колумбија (FECODE), Нелсон Аларкон, порача дека Владата исполнила само мал дел од ветеното во договорот кој минатата година беше потпишан по повеќенеделните преговори.
Студентските организации најавија дека и во наредните денови ќе протестираат и ќе ја бојкотираат наставата сè додека Владата не започне со решавање на проблемите во високото образование.