Ekipa
02 Октомври 2021•Ажурирај: 03 Октомври 2021
ДОХА (АА) - Катарските гласачи денес гласаат на првите парламентарни избори во оваа заливска држава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гласачките места беа отворени во 8 часот наутро по локално време (0500 GMT), а ќе се затворат во 18 часот (1500 GMT).

Гласачите ќе изберат 30 членови на советодавниот совет Шура, кој се состои од 45 места, додека владејачкиот емир ќе ги назначи преостанатите 15 членови.
На изборите учествуваат вкупно 234 кандидати за освојување места во советодавното и законодавното тело, Шурата, кое расправа и ги одобрува општодржавните политики, буџетите и предлог-законите.
Парламентарните избори доаѓаат пред Светското првенство во фудбал наредната година, чиј домаќин е Катар.