Ekip
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
ВЕНТУРА (AA) - Пред повеќе од две недели беснее шумски пожар во шумските предели на југот од Американската сојузна држава Калифорнија, кој се прошири на повеќе од 900 километри квадратни, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради огнот беа евакуирани околу 100.000 луѓе. Во моментов се евакуираат само долините одалечени од дивите предели.
Пожарот наречен Томас" може да стане најголем пожар во историјата на Калифорнија. Пожарникарите се уште се на терен и секојдневно пробуваат под контрола да го стават пожарот што избувна на шест одделни локации.
Предупредувањата за висок ризик од пожар беа укинати во областа Санта Барбара, иако таа остана на сила во другите делови на Јужна Калифорнија.
Пожарот им се заканува на уште 18.000 куќи и други станбени објекти. Пожарот од 4 декември однесе два живота и уништи најмалку 750 куќи.
Пожарот се простира во широкиот појас од Вентер во северниот дел на Лос Анџелес до Сан Диего на југ.