Giovanni Legorano
10 Мај 2023•Ажурирај: 12 Мај 2023
РИМ (АА) - Италијанската полиција денес приведе 29 лица обвинети за криумчарење мигранти од Туркије и Грција во операцијата за разбивање на меѓународна криминална група, соопштија властите, пренесува Анадолија.
Властите сметаат дека приведените лица се дел од криминална банда со членови од трите земји кои превезувале мигранти преку Источниот Медитеран до јужна Италија, обично со чамци-едрилици. Лицата се товарат и за перење на нелегално стекнатите приходи од трговијата со мигранти.
Приведувањата се случија по четиригодишна истрага на италијанската национална полиција, координирана од обвинителството за борба против мафијата од Катанзаро, изјави Франческо Месина, директор на италијанската полиција за борба против криминал.
Италија бележи масовен пораст на приливот на мигранти преку море од почетокот на годината, а најголемиот дел од нив доаѓаат од северниот брег на Африка.
Шверцерите на мигрантите им наплатувале околу 10.000 евра по патување, соопшти полицијата. По нивното пристигнување во Италија, шверцерите организирале и трансфер на мигрантите од јужна Италија до северните италијански градови како Милано, Торино или Трст, и им обезбедувале храна и засолниште во текот на патувањето.
Италијанските власти соопштија дека во операцијата учествувале и надлежните органи од Туркије, Грција, Белгија, Германија, Шведска, Велика Британија и Мароко, како и Европол и Интерпол.