свет

Истражување: Швајцарците се чувствуваат безбедно, но се сомневаат во одбранбената подготвеност на земјата

Повеќе од три четвртини од испитаниците во анкетата на истражувачкиот институт „Сотомо“ се сомневаат дека федералната Влада е доволно подготвена за конвенционални и хибридни закани

Beyza Binnur Dönmez  | 23.03.2026 - Обновена : 23.03.2026
Истражување: Швајцарците се чувствуваат безбедно, но се сомневаат во одбранбената подготвеност на земјата

ЖЕНЕВА (АА) – Поголем дел од населението во Швајцарија се чувствува безбедно, но многумина се сомневаат во одбранбената подготвеност на земјата, покажува истражувањето објавено денес, пренесува Анадолу.

Според Свисинфо, повеќе од три четвртини од испитаниците во анкетата на истражувачкиот институт „Сотомо“ се сомневаат дека федералната Влада е доволно подготвена за конвенционални и хибридни закани.

„Во овој контекст, строгото толкување на неутралноста е ставено на тест”, се наведува во истражувањето, при што се истакнува дека повеќе од две третини од испитаниците се залагаат за поголема безбедносна соработка со соседните европски држави.

Мнозинство граѓани, исто така, поддржуваат зајакнување на соработката со НАТО.

Повеќе од четири од пет испитаници изјавиле дека се идентификуваат со вредностите на Западна, Централна и Северна Европа, додека само 44 отсто гледаат „мошне голема“ усогласеност со основните вредности на САД.

Поддршката за зголемување на издвојувањата за одбраната, исто така, е во пораст, според истражувањето. Повеќето испитаници се залагаат за зголемување на воениот буџет на 2 отсто од бруто-домашниот производ до 2030 година, пренесува „Strategiedialog21”, непартиска швајцарска фондација основана во 2011 година.

Истражувањето заклучува дека Швајцарија не е во криза, туку ги одразува ставовите на една земја што со „јасност“ ја проценува сопствената ситуација.

Според „Сотомо“, во периодот меѓу 18 ноември и 15 декември биле анкетирани 5.249 лица во Швајцарија, а резултатите се сметаат за „високо репрезентативни за резидентното население“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.