Ayhan Şimşek
05 Септември 2019•Ажурирај: 06 Септември 2019
БЕРЛИН (АА) - Бегалската криза и политиките на американскиот претседател Доналд Трамп се најголемите стравувања на Германците, покажува неодамнешното истражување објавено денеска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од анкетираните од осигурителната компанија „R+V Versicherung“, 56 отсто се изјасниле дека најмногу се загрижени дека бегалската криза ќе ја преплави државата.
Според истражувањето, можните тензии со мигрантите станаа втората најголема причина за страв на Германците.
Од испитаниците, 55 отсто истакнале дека се загрижени дека светот ќе стане поопасно место поради политиките на американскиот претседател Доналд Трамп.
Стравот од тероризмот опадна на 44 отсто, од 59 отсто во 2018 година и 71 отсто во 2017 година.