Mahmoud Mohamed Barakat
28 Јули 2020•Ажурирај: 28 Јули 2020
БАГДАД
Ирачка воена воздушна база, во која се сместени американските сили, беше мета на ракети денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Воената воздушна база Ал Таџи, лоцирана 85 километри севетно од ирачкиот главен град Багдад, беше мета на четири ракети Катјуша“, изјави полицискиот службеник Ахмед Калаф.
„Првичните информации посочуваат дека ракетскиот напад направил само материјална штета“, рече Калаф за АА.
Во воздушната база се сместени здружени сили, вклучувајќи ирачки и американски војници, како и други странски сили од меѓународната коалиција предводена од САД.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот.