Mohammad Sıo
20 Мај 2024•Ажурирај: 21 Мај 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Иранската Влада утринава одржа итен состанок по објавата за смртта на претседателот на државата во хеликоптерска несреќа, објави државната новинска агенција, пренесува Анадолу.
„Иранската Влада одржа итен состанок по веста дека остатоците од хеликоптерот со претседателот Ебрахим Раиси се пронајдени во оддалечен регион во северозападниот дел на Иран“, соопшти новинската агенција ИРНА.
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси, министерот за надворешни работи Хусеин Амир-Абдулахијан и други високи функционери беа прогласени за мртви утринава по ноќната операција за пребарување што беше отежната од лошите временски услови.
Десетици спасувачки тимови за итни случаи беа пратени во планинската област во северозападната иранска провинција Источен Азербејџан, каде што се случи инцидентот вчера попладне.