Ahmet Dursun
13 Март 2019•Ажурирај: 14 Март 2019
АНКАРА (АА) – Иран предупреди дека остро ќе одговори во случај израелските сили да се обидат да го блокираат транспортот на иранската нафта, пренесува Anadolu Agency (AA).
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека е можна борба на израелските поморски сили против „иранското криумчарење“ на нафтата, а иранскиот министер за одбрана, Емир Хатеми, денеска одговори дека секој обид за интервенција од израелските сили ќе биде третиран како пиратски напад.
Хатеми за новинската агенција ИРНА изјави дека иранските сили жестоко ќе одговорат на можните напади од израелската морнарица.
Истакнувајќи дека Иран има капацитет да одговори на можните израелски провокации, Хатеми рече дека ни меѓународната заедница не смее да ги толерира таквите потези на Израел.