Mahmoud Barakat
29 Јуни 2016•Ажурирај: 30 Јуни 2016
БАГДАД (АА) - Над 12.000 ирачки семејства ја напуштија Фалуџа која беше вратена од ирачката армија од рацете на ДАЕШ, уште од минатиот месец, во согласност со Министерството за миграции и раселување, јавува Anadolu Agency (AA).
„Околу 12.250 семејства се раселија од Фалуџа откако армијата лансираше офанзива за ослободување на градот Фалуџа, минатиот месец”, изјави вчера портпаролот на министерството, Стер Нороз.
Фалуџа беше ослободена од страна на ирачката армија во почетокот на оваа недела по повеќе од едномесечната офанзива против милитантите на ДАЕШ, кои го држеа градот под своја контрола.
Според Нороз, околу 700.000 лица се вратиле во своите домови во Фалуџа.
Ирак претрпе катастрофален безбедносен вакум уште од средината на 2014 година, кога ДАЕШ го зароби северниот град Мосул и зазеде големи делови на територијата во северните и западните делови на земјата.
Според ОН, во Ирак раселени се над 3,4 милиони лица, повеќето од нив се деца, додека над 10 милиони лица имаат голем потреба од хуманитарна помош.