Aldıjana Hadzıc
13 Ноември 2017•Ажурирај: 14 Ноември 2017
AЧЕХ (AA) - Најмалку девет кита се насукаа на брегот на Уџонг Кареунг, во индонезиската област Ачех, јавува Anadolu Agency (AA).
Спасувачките тимови од локалните и од невладините организации настојуваат безбедно да ги вратат китовите во водата. Голем број спасувачи, од различни возрасти, од брегот или од пловила се обидуваат да им помогнат на китовите безбедно да се вратат во нивната природна средина.
Насукувањето на китовите на брегот го привлече вниманието на минувачите, а поединци ја искористија можноста и за фотографирање.