свет

Индонезиската осигурителна корпорација: Криптовалутите спаѓаат во категоријата „нехалал“

- „Криптовалутите до денес немале никаква шеријатска фатва. Не се придржувале до шеријатските услови бидејќи немаат конкретен финансиски инструмент“

Islam Uddin  | 11.02.2026 - Обновена : 11.02.2026
Индонезиската осигурителна корпорација: Криптовалутите спаѓаат во категоријата „нехалал“

ИСТАНБУЛ (АА) - Шефот на Агенцијата за осигурување на депозити на Индонезија, Ангито Абиманју, денес изјави дека криптовалутите спаѓаат во категоријата „нехалал“, пренесува Анадолу.

Ангито објасни дека криптовалутите се сметаат за нехалал поради недостаток на шеријатско правило што потврдува дека се во согласност со исламските принципи на трансакции, објави „Џакарта глоуб“.

„Криптовалутите до денес немале никаква шеријатска фатва. Не се придржувале до шеријатските услови бидејќи немаат конкретен финансиски инструмент“, рече Ангито.

„Криптовалутите се само пари што циркулираат и се претвораат во биткоини. Затоа криптовалутите се во категоријата нехалал“, рече тој во бизнис-шоуто „Инвестор дејли роундтејб“.

И покрај тоа што трансакциите со криптосредства достигнаа приближно 482,23 билиони индонезиски рупии (28,8 милијарди долари) во 2025 година, криптовалутите сè уште немаат фатва од Индонезискиот совет на улемата.

Според исламскиот закон, трансакциите мора да бидат поврзани со материјални „опипливи“ средства за да се сметаат за халал, односно дозволени, се наведува понатаму.

Во 2021 година, Индонезискиот совет на улемата ја карактеризира употребата на криптовалутите како харам (недозволена) поради нејзината неизвесна и потенцијално штетна природа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın