Abdullah Aşıran
13 Април 2026•Ажурирај: 13 Април 2026
Во главниот град на Холандија, Амстердам, беше организиран комеморативен настан за палестинските деца и новинари убиени во израелските напади врз Газа, јавува Анадолу.
Настанот, организиран од Фондацијата „Засади едно маслиново дрво “, се одржа на познатиот плоштад „Дам“ во центарот на Амстердам, во помен на палестинските деца и новинари кои ги загубија животите во израелските напади врз Газа.
На плоштадот, со цел да се привлече внимание, беа изложени фотографии и имињата на новинарите убиени во израелските напади. Илјадници детски чевли беа, исто така, поставени на плоштадот.
На настанот, холандски уметници, актери и продуценти ги читаа имињата на децата убиени во Газа, како и нивната возраст во моментот кога се убиени.
Волонтерите им делеа брошури на минувачите и ги информираа за случувањата во Газа.
Вкупниот број на убиени во нападите што Израел ги спроведува врз Појасот Газа од октомври 2023 година надмина 72 илјади.