Ikrame Imane Kouachi
12 Октомври 2024•Ажурирај: 13 Октомври 2024
АНКАРА (АА) - Уште најмалку 49 Палестинци се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што билансот од почетокот на офанзивата на 7 октомври минатата година достигна 42.175, објави денес Министерството за здравство во Газа, јавува Анадолу.
Министерството додаде дека во нападите досега повредени се најмалку 98.336 Палестинци.
„Израелските сили во последните 24 часа убија 49 лица и повредија 219 во пет масакри на семејства“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.
Непочитувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации која повикува на итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата брутална офанзива врз Појасот Газа по нападот на палестинската група Хамас на 7 октомври минатата година.
Израелската офанзива го расели речиси целото население на Појасот Газа, а тековната блокада доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Посредувачките напори предводени од Соединетите Американски Држави, Египет и Катар за постигнување договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници меѓу Израел и Хамас не вродија со плод поради одбивањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја запре војната.
Израел се соочува со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата поради неговите акции во Газа.