Serdar Dincel
16 Јуни 2026•Ажурирано: 16 Јуни 2026
Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир го откажа планираното семејно патување во САД поради тешкотии во добивањето виза, објавија денес израелските медиуми, пренесува Анадолу.
Амбасадата на САД му соопштила на Бен-Гвир дека ќе мора лично да се појави за да остави биометриски отпечатоци од прсти како дел од процесот за добивање виза, објави дневниот весник „Хаарец“.
Ова барање во израелските медиуми беше протолкувано како знак на неподготвеност за доделување виза.
Бен-Гвир честопати беше во центарот на вниманието на јавноста поради неговите провокативни акции, кои предизвикаа широка критика и меѓународна осуда.