свет

Израелската Армија објави дека Иран започна втор бран ракетни напади врз Израел

- Израелската Армија објави дека се активирани сирените во многу делови од Израел поради ракетите испукани од Иран.

Mustafa Deveci  | 23.06.2025 - Обновена : 23.06.2025
Израелската Армија објави дека Иран започна втор бран ракетни напади врз Израел

АНКАРА (АА) - Израелската Армија објави дека Иран започнал втор бран ракетни напади врз Израел, известува Анадолу.

Во писменото соопштение објавено од израелската Армија се наведува дека се активирани сирените во многу делови од Израел поради ракетите испукани од Иран.

Армијата повика да не се напуштаат засолништата поради ракетите испукани од Иран и ги повика луѓето да останат во заштитените подрачја до понатамошно известување.

По соопштението во кое се нагласува дека системите за воздушна одбрана се обидуваат да ги блокираат ракетите, сирените биле активирани во централен Израел, особено во подрачјето на Тел Авив.

Кусо пред овој напад, израелската Армија објави дека Иран лансирал ракети врз северниот дел на Израел како нов возвратен напад.


- Конфликт што започна со интензивни напади на Израел врз Иран

На 13 јуни, Израел започна големи напади насочени врз нуклеарните постројки во различни градови во Иран, вклучувајќи го и командниот врв на Армијата.

Во нападот врз Иран беа убиени началникот на Генералштабот, генералниот командант на Револуционерната гарда, некои високи команданти и 9 нуклеарни научници.

Во соопштението објавено на 21 јуни, иранското Министерство за здравство објави дека вкупниот број цивилни жртви во нападите на Израел изнесува 430, а бројот на повредени е над 3.500.

Канцеларијата на израелскиот премиер објави дека 24 лица се убиени, а 1.272 лица се повредени во возвратните напади на иранската Армија.

Голeм број земји, првенствено Турција, го осудија Израел.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın