Mücahit Aydemir
25 Август 2022•Ажурирај: 26 Август 2022
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската армија информира дека имаат приведено 14 Палестинци во рациите извршени на различни делови на окупираниот Западен Брег, а еден израелски војник е полесно повреден, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писмената изјава на портпаролот на Израелската армија се наведува дека се извршени рации на различни делови на Западниот Брег.
Во соопштението се нагласува дека за време на рацијата во градот Буркин кој се наоѓа на северот на Западниот Брег, отворен е оган врз израелски војници и дека еден војник е полесно повреден.
Се истакнува дека војникот повреден во раката е пренесен во болница.
Исто така, се наведува дека за време на рациите приведени се 14 Палестинци, а при претресите извршени на одредени региони запленети се оружје и муниција.
Израелските сили, кои често вршат рации во куќи на окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим, приведуваат Палестинци под различни обвинувања.