Faruk Hanedar
19 Февруари 2025•Ажурирај: 20 Февруари 2025
ЕРУСАЛИМ (АА) - Претседателот на Израел, Исак Херцог, и министерот за правда, Јарив Левин, размислуваат да ги амнестираат затворениците Евреи кои извршиле злосторства врз Палестинците, известуваат израелските медиуми, пренесува Анадолу.
Според веста што ја објави весникот „Израел Хајом“, израелските власти работат на предлог за амнестија со кој ќе се овозможи ослободување на затворениците Евреи кои извршиле злосторства врз Палестинците, со цел да се врати рамнотежата по ослободувањето на палестинските затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа и размена на затвореници.
Прелиминарна истрага на оваа тема спровеле Канцеларијата за амнестија на претседателот на Израел и Канцеларијата за амнестија на Министерството за правда.
Израелските власти тврдат дека „ја разгледуваат можноста за намалување на казните и давање амнестија на затворениците Евреи осудени за националистички злосторства врз Палестинците и дека во тој контекст се разгледува список од 20 затвореници“.
Предметниот состанок се одржала откако израелски пратеници, рабини, политички активисти и екстремно десничарски организации побарале „амнестија за затворениците Евреи како рамнотежа и еднаквост“ по спроведувањето на размената на заробеници меѓу Хамас и Израел.
„Израел Хајом“ цитирајќи политички извори што велат дека израелското Претседателство и Министерството за правда сакаат случаите да ги разгледуваат еден по еден, наведе дека покајанието ќе биде услов за намалување на казната или амнестија и дека би можело да се побара совет од домашната разузнавачка агенција Шин Бет.
Во веста се потсетува дека и за време на претходните договори за размена на заробеници, „казните на затворениците Евреи биле намалени или биле амнестирани“.
- „Ништо не може да го оправда непромислениот договор за размена со Хамас“
Откако веста се рашири во израелскиот печат, Итамар Бен-Гвир, лидер на екстремно десничарската партија Еврејска моќ, изјави: „Ништо не може да го оправда непромислениот договор за размена склучен со Хамас.“
Бен-Гвир на својот профил на платформата X договорот за прекин на огнот и размена на затвореници, кои го отворија патот за ослободување на палестинските затвореници, влезот на хуманитарна помош во Газа и повлекувањето на израелската армија од Појасот Газа, од аспект на Израел го опиша како „договор за предавање“.
„Ги повикувам премиерот и министрите да се вразумат и веднаш да се вратат во сеопфатна војна за уништување на Хамас“, напиша Бен-Гвир, тврдејќи дека Израел не продолжил со нападите врз Газа и покрај тоа што добил целосна поддршка од САД.