свет

Израел обвинет за држење на телата на Палестинците во универзитетските лаборатории

Палестинскиот премиер ги повика образовните институции низ светот да ги бојкотираат израелските универзитети вклучени во задржувањето на телата на Палестинците и повика на вршење притисок врз израелската Влада

Ekip  | 04.07.2022 - Обновена : 05.07.2022
Израел обвинет за држење на телата на Палестинците во универзитетските лаборатории

РАМАЛА (АА) – Палестинскиот премиер Мохамед Штајех го обвини Израел дека ги чува телата на мртвите Палестинци во израелските универзитетски лаборатории, јавува Агенција Анадолија (АА).

Говорејќи на состанокот на Владата денес, Штајех ги нарече постапките на Израел „тешко кршење на човековите права и етиката на науката“.

Тој ги повика образовните институции низ светот да ги бојкотираат израелските универзитети вклучени во задржувањето на телата на Палестинците и повика на вршење притисок врз израелската Влада со цел да ги предаде телата.

Според локалниот палестински Комитет за извлекување на мртвите Палестинци, Израел ги држи телата на 104 Палестинци од 2015 година, како и на 256 други кои закопани во специјални гробници познати како нумерирани гробови.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.