свет

Израел го забрани извозот на земјоделски производи од Палестина

Палестинското Министерство за економија соопшти дека израелската војска веќе неколку дена не дозволува излез на земјоделските производи од палестинските територии

Gözde Bayar  | 08.02.2020 - Обновена : 09.02.2020
Израел го забрани извозот на земјоделски производи од Палестина

РАМАЛА (АА) - Израелските власти го забранија извозот на палестинските земјоделски производи од окупираниот Западен Брег и блокираната Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Израелската војска веќе неколку дена не дозволува излез на камионите од палестинските територии, а палестинските извозници се известени дека повеќе нема да можат да извезуваат земјоделски производи“, се наведува во соопштението на палестинското Министерство за економија.

Израелските власти на 2 февруари донеле одлука за забрана на извоз на производите од палестинските територии, а ден подоцна палестинската администрација одговори со забрана за увоз на израелските земјоделски производи.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.