Ahmed Asmar
09 Април 2024•Ажурирај: 10 Април 2024
АНКАРА (АА) - Палестинските тимови за цивилна одбрана извлекоа тела 409 лица по повлекувањето на израелските војници од болницата Ал-Шифа во градот Газа и јужниот град Хан Јунис, соопштија локалните власти денес, јавува Анадолу.
Израелската Армија се повлече од болницата Ал-Шифа на 1 април по двонеделната рација и од Хан Јунис на 7 април, оставајќи зад себе огромна трага на уништување.
Палестинската агенција за цивилна одбрана соопшти дека сѐ уште се во тек напорите за извлекување на повеќе тела од двете области.
Таа апелираше до меѓународната заедница да обезбеди специјализирана опрема и возила за да помогне во потрагата по жртви под урнатините на уништените згради.
Израел спроведува смртоносна воена офанзива на палестинската територија по прекуграничниот напад на Хамас на 7 октомври во кој загинаа речиси 1.200 лица.
Во израелските напади, што оттогаш започнаа врз Појасот Газа, загинаа над 33.200 Палестинци, а речиси 76.000 се повредени, се предизвика масовно уништување и недостиг на неопходни средства за живот.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во јануари донесе привремена одлука со која му беше наложено да ги запре геноцидните акти и да преземе мерки за да гарантира дека хуманитарната помош ќе стигне до цивилите во Газа.