Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
14 Септември 2021•Ажурирај: 15 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Со убедлива победа, лидерот на норвешката Лабуристичка партија е на пат да биде нов премиер на земјата, според официјалните резултати и јавувањата на медиумите, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Прелиминарните резултати од вчерашните избори покажуваат дека големо мнозинство гласачи гласале за левичарските партии, објави „ЕУ обсервер“.
Премиерката од конзервативците Ерна Солберг - која е на власт од 2013 година - му честиташе за победата на лидерот на Лабуристичката партија, Јонас Гар Стор.
Пет централно левичарски партии, вклучително и лабуристите, „се подготвени за големо мнозинство во Стортингент, норвешкиот Парламент - дури 100 од 169 места“, вели „ЕУ обсервер“.
Иднината на Норвешка како најголем производител на нафта и гас во Европа беше акцентирана на изборите, по песимистичките извештаи од климатските научници по пожарите и зголемените температури низ светот.