Ahmet Dursun
02 Мај 2019•Ажурирај: 02 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Генералниот директор на Националната иранска нафтена компанија, Месуд Кербасијан, истакна дека и покрај санкциите на Соединетите Американски Држави (САД), производството на нафта во Иран продолжува без прекин, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кербасијан, во изјавата дадена за Иранската државна телевизија ги оцени импликациите од санкциите на САД насочени кон извозот и производството на нафта во Иран.
„Санкциите немаат никакво влијание врз износот на производството на нафта во земјата“, рече Кербасијан.
Тој, истакнувајќи дека минатиот месец, поради поплавите во поголемиот дел на земјата имало одредени прекини во производството на нафта, нагласи: „Освен проблемите настанати поради поплавите, нема никакво намалување на производството на нафта. Поради поплавите во некои од нафтените полиња имаше неколкудневен прекин на производството.“
Кербасијан, исто така, рече дека и покрај санкциите од САД, нафтата повторно ќе почне да се продава преку берзата.
Во соопштението од Белата куќа, на 22 април беше истакнато дека за осум земји, кои претходно беа ослободени на одреден период од санкциите за купување на иранска нафта, ослободувањето нема да биде повеќе на сила.