Islam Uddin
16 Јуни 2026•Ажурирано: 16 Јуни 2026
Силен земјотрес со магнитуда од 6,7 степени го погоди индонезискиот остров Сулавеси рано утрово, според податоците на Геолошкиот завод на САД (USGS), јавува Анадолу.
Земјотресот се случи во 11:27 часот по локално време со епицентар на околу 46 километри источно-југоисточно од Палу, главниот град на покраината Централен Сулавеси.
Регистриран е на мала длабочина од 10 километри, што може да го зголеми интензитетот на тресењето на тлото.
Досега нема извештаи за жртви или причинета значителна материјална штета.
Агенциите за управување со катастрофи и метеоролошките агенции на Индонезија не издадоа предупредување за цунами по земјотресот.
Палу беше разорен од силен земјотрес и цунами во 2018 година во кои загинаа повеќе од 4.000 луѓе, поради што жителите се особено чувствителни на сеизмичката активност во регионот.