Zehra Ulucak
28 Август 2018•Ажурирај: 28 Август 2018
АНКАРА (АА) - Индонезија ја потресе земјотрес со интензитет од 6,2 степени, јавува Anadolu Agency (AA).
Американскиот геолошки завод (УСГС) соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа 99 километри југоисточно од градот Купанг, на длабочина од 8,6 километри.
Засега нема информации дали има загинати или повредни во земјотресот.
Во земјотресот што во почетокот на август го потресе индонезискиот остров Ломбок, животот го загубија 563 лица.
По земјотресот со интензитет од 7 степени што го потресе овој индонезиски остров на 5 август, се случија уште два земјотреси со интензитет од 6,3 и 6,9 степени.
Во период од 20 дена островот Ломбок го потресоа повеќе од 1.000 последователни земјотреси.