Gülşen Topçu
01 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Октомври 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелските безбедносни сили убија Палестинец на Западниот Брег наведувајќи дека со ладно оружје нападнал полицаец, јавува Anadolu Agency (AA).
Палестинецот е убиен на контролниот пункт Календија, во Ерусалим.
Портпаролот на израелската полиција, Луба Самири, рече дека било пукано во Палестинецот (28), кој починал како последица на добиените повреди.
Според него, младиот Палестинец човек кој живеел во Кефр Акаб, ги нападнал полицајците со нож. Во тек е истрагата во врска со случајот.
Од Министерството за здравство на Палестина потврдија дека е убиен еден Палестинец.
Во последно време интензивирани се нападите на изралските сили врз Палестинците.