Заедничка декларација на учесниците на Самитот Г20: Приоритет економскиот раст
Лидерите ветија дека ќе продолжат да ги ускладуваат своите активности и макроекономските политики со цел остварување одржлив економски раст.
?????
16 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
AнталијаАНТАЛИЈА (АА) – Организаторот на Самитот на лидерите на земјите од Г20 во Анталија, објави Заедничка декларација на учесниците во која лидерите на најразвиените економии на светот ја истакнаа одлучноста во воспоставувањето на севкупниот раст и ветија дека ќе обезбедат нови и поквалитетни работни места, јавува Anadolu Agency (AA).
Во декларацијата се наведува дека лидерите во Анталија се собраа за да договорат заедничко делување во правец на подобрување на животниот стандард на луѓето и осигурување на силен, одржив и врамнотежен економски раст. Лидерите на најразвиените земји на денешницата истакнуваат дека се свесни за неопходноста од активирање на сите политички и општествени механизми и воспоставување силни врски на соработка со цел за подобра соработка и постигнување економски раст и воспоставување сигурност.
Во Декларацијата понатаму се наведува дека се договорени и начините на имплементација за да дадените ветувања бидат испочитувани, а економскиот раст остварен, а во понатамошниот текст се наведува нужноста на интензивирање на дијалогот на земјите од Г20 со земјите во развој кои имаат помала стапка на приход.
"И понатаму постојат ризици и неизвесности на финансиските пазари и некои геополитички потешкотии кои прераснуваат глобални проблеми. На тоа треба да му се додаде и тоа, дека економскиот раст на глобално ниво го загрозуваат и намалувањето на побарувачката и структурните проблеми”, се наведува во задничката изјава на учесниците на Самитот во Анталија.
Лидерите ветија дека ќе продолжат да ги ускладуваат своите активности и макроекономските политики со цел остварување одржлив економски раст. Во тој контекст ветено е дека ќе се воспоставува рамнотежа на растот на глобален план.
“Зголемувањето на економскиот раст од два посто во земјите од Г20 до 2018 година е цел која ја зацртавм минатата година во Брисбејн и овде во Анталија ја повторуваме истата цел. Наш приоритет се отворање на работни места, осигурување на инклузивитетот во економијата, намалување на нееднаквоста, како и имплементација на сите стратегии и реформи кои се договорени во тој контекст” се наведува во Декларацијата.
Истакнувајќи дека минатата година се остварени многу цели и ветувања, лидедите од Г20 истакнуваат дека е потребно додатно да се подобри соработката со цел побрзо и поефикасно остварување на заедничките цели.
“ Со механизмот на набљудување кој го воспоставивме оваа година ќе ја пратиме реализацијата на плановите, договорите и ветувањата. Акциониот план Анталија, кој го освеживме на овој Самит, а кој вклучува стратегија на економски раст и временски наредени ветувања, што е показател за нашата одлучност да ги надминеме потешкотиите на економскиот систем на глобално ниво” , се наведува во Декларацијата.
Економскиот раст кој ќе го почуствуваат сите слоеви на општеството, нови квалитетни работни места, искористување на потенцијалите на младите, се некои од ветувањата на лидерите кои учествуваа на Самитот.
“Ќе ја поттикнуваме меѓународната соработка како темелна алатка за ефикасна борба против корупцијата во случаеви кога тоа е потребно и во склад со националниот правен поредок. Подржуваме укинување на имунитет и одземање имот на оние кои го стекле со корупција и мито” , порачаа лидерите од Г20.
Во областа на воспоставување на преведен и модерен меѓународен систем на оданочување, лидерите на Г20 го избраа пакет проектот БЕПС (BEPS) .Изразуваат продолжување на разочараноста поради застојот на управните реформи и квотите на Меѓународниот монетарен фонд, кои се усвоени уште од 2010 година и ги повикуваат САД во што пократок период да одобрат спроведување на тие реформи.
“Ги покануваме сите земји да во склад со националните капацитети ја зголемат помошта на земјите кои се погодени од бегалската криза и надлежните меѓународни организации” , се наведува во декларацијата.
Лидерите од Г20 понатаму, истакнуват дека ќе соработуваат на унапредување на капацитетот на долгорочната спремност за соочување и раководење со кризите предизвикани од големите бегалски бранови.