Tuğrul Çam
16 Ноември 2015•Ажурирај: 17 Ноември 2015
АНТАЛИЈА (АА) – Американскиот претседател Барак Обама на конфренцијата за новинарите по Самитот на Г20, лидерите на најразвиените светски земји кој е одржан во Анталија, истакна дека американската стратегија во борбата против терористичката организација ДАЕШ ќе остане иста како и до сега, јавува Anadolu Agency (AA).
Обама нагласи дека е погрешно Соединетите Американски држави (САД) во овој момент да пратат војска на Блискиот Исток.
“Да кажеме дека одлучивме да пратиме 50 илјади војници. Што ако се случи терористички напад и во Јемен? Дали ќе треба и таму да пратиме војска? Или, во Либија можеби? Што ќе се случи ако некоја терористичка организација почна да делува на Далекиот Исток или во Северна Африка? Затоа, потребна ни е стратегија која е одржива” , рече Обама.
Нагласи дека САД ја имаат најмоќната војска во светот додавајќи дека неговата земја прави големи напори во борбата против тероризмот.
“По нападот во Париз слушнав интересни работи кои ги предлагаат другите во врска со активностите кои треба да се преземат. Она што го предлагаат е всушност она што ние веќе го правиме. Освен, еден исклучок. Некои сметаат дека треба да пратиме голем број војници на терен. Не заборавајте дека ја имаме најмоќната војска на светот. Јас со години раководам со таа војска и сигурно дека расправаме за разни можности. Но, праќање на војници би била грешка, тоа не е само мојот став, туку и став на моите советници”, рече Обама.
Тој се осврна и на предлогот на одредени земји за формирање зона за забрана на летање во борбата против терористичката организација ДАЕШ .
"Безбедносна зона или забрана на летање би била штета за целта која ја зацртавме” , рече американскиот претседател, напоменувајќи дека за формирање на безбедносна зона беше потребна копнена операција.
Исто така, американскиот претседател истакна дека сеуште постојат значителни разлики во мислењата во врска со улогата на сирискиот претседател Башар Ал-Асад во контекст на постигнување на дипломатско решение во Сирија.
“Нашиот став е дека за него нема место во иднината на Сирија” , истакна Обама, потсетувајќи дека САД прави големи напори за да ги интензивира потребните активности на воен план во борбата со ДАЕШ.
“Продолжуваме со интензивирање на активностите на воен план. На терен имаме се повеќе партнери и со нив сме во блиска соработка” , истакна американскиот претседател.
Тој напомена дека во тек на самитот Г20 тие пратија силна јасна порака за потребата од заедничка борба против тероризмот.