свет

Забриски Поинт, спектакуларен природен бисер во срцето на Долината на смртта

- Сместен во рамките на Националниот парк „Долина на смртта“ во американската сојузна држава Калифорнија, овој локалитет претставува една од најпосетуваните туристички атракции...

Aida Cako  | 23.01.2026 - Обновена : 23.01.2026
Забриски Поинт, спектакуларен природен бисер во срцето на Долината на смртта Tayfun Coşkun/AA

КАЛИФОРНИЈА (АА) – Познат по своите брановидни ридови и златно-жолтите карпести формации, Забриски Поинт нуди панорамски поглед кон еден од најекстремните природни предели во Северна Америка, јавува Анадолу.

Сместен во рамките на Националниот парк „Долина на смртта“ во американската сојузна држава Калифорнија, овој локалитет претставува една од најпосетуваните туристички атракции, благодарение на својот впечатлив ерозивен пејзаж, обликуван низ милиони години од постојаното дејство на ветерот и водата.

Уникатните геолошки форми создаваат сцена која потсетува на природен амфитеатар, со слоеви од седименти во различни нијанси на жолта, кафеава и окер боја, што особено доаѓа до израз при изгрејсонце и зајдисонце.

Името „Забриски Поинт“ го носи по Кристијан Бревурт Забриски, потпретседател и генерален директор на компанијата „Пацифик коуст боракс“ во почетокот на 20 век.

Под негово водство, компанијата спроведувала обемни рударски активности во долината, користејќи ги познатите тимови од по дваесет мазги за транспорт на боракс низ суровиот пустински терен.

Денес, Забриски Поинт претставува не само природна знаменитост, туку и жив сведок на индустриското наследство на регионот.

Локацијата привлекува туристи, фотографи и љубители на природата од целиот свет, кои доаѓаат да ги доживеат нејзините уникатни пејзажи и мирната пустинска атмосфера.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.