Gökhan Kavak
14 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Во првите 9 месеци од 2020 година извршени се 132 пиратски напади врз трговски бродови во Гвинејскиот Залив, известува Агенција Анадолија (АА).
Меѓународното поморско биро во извештајот објавен под наслов „Пиратски напади и вооружени грабежи на бродови“ наведе дека „во првите 9 месеци од 2020 година извршени се 132 пиратски напади, при што за откуп се киднапирани 85 морнари.“
Во извештајот се вели дека најголемиот број морнари се киднапирани во Гвинејскиот Залив, а трговските бродови биле цел на пиратски напади и во морските води на Нигерија, Бенин, Габон, Екваторијална Гвинеја и Гана.
Во извештајот се наведува дека 31 морнар се земени како заложници на бродовите.
Гвинејскиот Залив, во чии води се извршуваат напади на бродовите, познат е како најопасна морска област во светот.
Од вкупниот број пиратски напади во светот, 90% се извршуваат во Гвинејскиот Залив.
Според податоците на Меѓународното поморско биро, бројот на напади извршени во Гвинејскиот Залив во 2018 година изнесувал 78, а во 2019 година е зголемен на 119.