Ekipa
13 Мај 2022•Ажурирај: 13 Мај 2022
БРИСЕЛ (АА) - Европската Унија (ЕУ) го осуди неодамнешното одобрување од страна на Израел на плановите за проширување на илегалните еврејски населби на окупираниот Западен Брег и го повика да ја повлече одлуката, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Европската Унија го осудува и длабоко жали за денешното одобрување од страна на израелските власти на плановите за проширување на над 4.400 станбени единици, за натамошното проширување на нелегалните населби низ окупираниот Западен Брег“, истакна шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Борел, исто така, не го одобри ретроактивното овластување на три нелегални пункта.
„ЕУ го повикува Израел да ги повлече таквите одлуки“, потврди тој, посочувајќи дека потегот е против меѓународното право и го загрозува дводржавното решение.
Борел, исто така, истакна дека одлуката е „целосно неконзистентна со напорите за намалување на тензиите“ и ги повика двете страни да работат на продолжување на преговорите за да се обезбеди мир и безбедност и во Израел и во Палестина.
Како одговор на одлуката на израелскиот Врховен суд во случајот за иселување на Масафер Јата во вторникот, ЕУ, исто така, го предупреди Израел против иселувањата, уривањата и принудните трансфери на население.
Западниот Брег, вклучително и Источен Ерусалим, според меѓународното право се смета за окупирана територија, со што сите еврејски населби таму се нелегални.
Како и Турција и голем дел од меѓународната заедница, ЕУ не го признава суверенитетот на Израел врз териториите што ги окупира од 1967 година.
Од 2001 година, ЕУ постојано го повикува Израел да ги прекине сите активности на населување и да ги растури постојните населби.