İlayda Çakırtekin
23 Октомври 2026•Ажурирано: 23 Октомври 2026
Едно лице загина, а четири се повредени во северна Франција, откако маж отвори оган, соопшти премиерот Себастијан Лекорну, пренесува Анадолу.
„Многу сериозни инциденти штотуку се случија во Трап, во департманот Ивлин. Едно лице е убиено, а четири се повредени. Лицето е уапсено и ставено во полициски притвор“, напиша Лекорну на американската социјална мрежа Икс.
Тој повтори дека сите безбедносни сили се целосно мобилизирани, додека Националното обвинителство за борба против тероризмот ја следи ситуацијата.
Според телевизијата БФМТВ, осомничениот испукал повеќе куршуми од возило на јавни места во Трап, а потоа и во Ла Верјер.
Според јавувањата, бројот на жртвите сè уште може да се промени во зависност од развојот на ситуацијата.