Riyaz Khaliq Khaliq
23 Октомври 2026•Ажурирано: 23 Октомври 2026
Најмалку едно лице загина, а десетици се повредени во тајфунот кој го зафати Тајван денес, нарушувајќи го воздушниот сообраќај, соопшти Централниот оперативен центар за вонредни состојби (ЦЕОК), пренесува Анадолу.
Властите на островот со околу 24 милиони жители, наложија затворање на училиштата и канцелариите низ Тајван, освен во округот Таитунг, како и на оддалечените острови Пенгу и Мацу, поради тајфунот Шампи, објави „Фокус Тајван“.
Загинатото лице е пријавено во градот Лиукиу, во јужниот дел на округот Пингтунг.
Силното невреме и врнежите предизвикаа сообраќајни и други несреќи, при што беа повредени 94 лица, меѓу кои и двајца странци, соопшти ЦЕОК.
Тајфунот, исто така, принуди речиси 1.300 луѓе да се евакуираат на побезбедни места, главно во округот Хуалиен на источниот брег на островот.
Според Управата за цивилно воздухопловство, 977 летови биле откажани од синоќа поради тајфунот Шампи, заедно со прекинот на 96 траекти на 10 линии.
Откажаните летови опфатија 262 домашни и 715 меѓународни и летови преку теснецот.