Barış Seçkin
01 Април 2022•Ажурирај: 02 Април 2022
РИМ (АА) - Италијанскиот премиер Марио Драги и германскиот канцелар Олаф Шолц се согласија дека санкциите воведени кон Русија поради војната против Украина треба да продолжат, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението од Кабинетот на италијанскиот премиер се наведува дека Драги и Шолц имале телефонски разговор.
За време на средбата, двајцата лидери разговарале за санкциите против Русија и за најновите случувања во врска со увозот на гас од Русија.
„Драги и Шолц се согласуваат за важноста од одржување на системот на санкции против Русија, кој се покажа како многу ефикасен. Двајцата лидери, исто така, се согласија дека треба да се задржи единствен став на европско ниво“, се вели во соопштението.
Драги и Шолц на 30 март одвоено разговараа со рускиот претседател Владимир Путин.