Gökhan Kavak
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
ИСТАНБУЛ
Најмалку 129 луѓе починале во периодот од јуни досега, од епидемијата на менингитис што избувна во североисточниот регион на Демократска Република Конго, известува Агенција Анадолија (АА).
Д-р Амеди Проспер Џигуимде, претставникот на Светската здравствена организација, во изјава за медиумите рече дека менингитис е откриен кај 267 лица.
Џигуимде изјави дека 129 луѓе починале од епидемијата на менингитис од јуни досега.
Соопштувајќи дека некои од луѓето кај кои е дијагностициран менингитис се лекуваат во своите домови, а некои во здравствените центри, Џигуимде истакна дека продолжуваат да работат на откривање нови случаи во регионот и лекување на пациентите.
Од епидемијата на менингитис што ја зафати Демократска Република Конго во 2009 година, 214 луѓе се разболеа, од кои 15 лица ги загубија животите.