Zehra Ulucak
23 Октомври 2020•Ажурирај: 24 Октомври 2020
ЊУЈОРК
Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, ги повика земјите членки на Г-20 на единство во борбата против пандемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Лидерите на најразвиените 20 земји на светот ќе се соберат наредниот месец на Самитот Г-20, а првиот човек на ОН, Гутереш, за агенцијата „Асошиејтед прес“ (Associated Press) изјави дека е многу депримирачко што лидерите на земјите Г-20 не го уважиле неговиот апел да се состанат уште во март и да заземат координирана реакција во борбата против пандемијата на Ковид-19.
Истакнувајќи дека земјите понекогаш дури спроведувале контрадикторни мерки, Гутереш изјави дека вирусот се проширил низ целиот свет и дека многу земји се соочени со вториот бран на пандемијата.
„Се надевам дека меѓународната заедница сфатила дека за борбата против ширењето на вирусот е неопходно повеќе координација и соработка“, изјави Гутереш.
Гутереш исто така изјави дека ОН и на Самитот на лидерите на Г-29 гласно ќе заговораат да се обезбеди идните вакцини против коронавирусот да бидат достапни за сите земји во светот.
Коронавирусот кон крајот на минатата година се појави во кинескиот град Вухан, а Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март оваа година прогласи глобална пандемија на Ковид-19.
Во светот бројот на заразени лица надмина бројка од 42 милиони, а од последиците на вирусот починаа 1,14 милиони лица, додека се излекуваа 31,19 милиони лица.