Salih Baran,Hakan Mehmet Şahin
09 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
ЕДРЕНЕ (АА) - Во обид да спречи влез на барателите на азил во земјата, грчката Војска не се колеба да отвори оган врз нив, па дури и во случај кога тоа значи отворање оган во правец на населени места, јавува Агенција Анадолија (АА).
Илјадници баратели на азил ја напуштија Турција во обид да стигнат до европските земји, а грчките безбедносни сили со солзавец и други радикални методи се обидуваат да ги спречат во тоа на копнената граница меѓу двете земји.
Грчките погранични сили користат и огнено оружје, а досега настрадаа повеќе баратели на азил.
На снимките направени пред два дена јасно се гледа како грчките војници отвораат оган врз барателите на азил и тоа во правец на населеното место што се наоѓа на помалку од два километри од границата.
На снимките се гледа и како грчките војници гестикулираат со барателите на азил. Со повлекување на прст по вратот, војниците им се закануваат на барателите на азил дека ќе ги заколат.