İlayda Çakırtekin
23 Октомври 2026•Ажурирано: 23 Октомври 2026
Грчкиот Парламент усвои закон со кој се забранува користењето на социјалните мрежи за деца под 15-годишна возраст, објави весникот „Товима“, пренесува Анадолу.
Законот ќе стапи во сила на 1 јануари 2027 година и ќе им забрани на децата под 15 години пристап до главните платформи на социјалните мрежи, вклучувајќи ги Инстаграм, Фејсбук и ТикТок, а можно е да бидат опфатени и други платформи.
Мерката не ја забранува употребата на интернетот во поширока смисла, па децата и понатаму ќе можат да пристапуваат до образовни ресурси и дигитални комуникациски услуги.
Според наводите, платформите ќе бидат одговорни за проверка на возраста на корисниците преку систем што користи дигитален токен за потврдување на исполнетоста на возрасниот услов, без откривање на нивниот идентитет.
Законот беше усвоен со единствена поддршка од владејачката десноцентристичка партија Нова демократија, додека главната опозициска партија ПАСОК беше воздржана, а останатите опозициски партии гласаа против.