Mehmet Hatipoğlu
05 Мај 2018•Ажурирај: 06 Мај 2018
ПАТРАС (АА) - Во тепачка меѓу бегалците во Патрас, на север од грчкиот полуостров Морија, почина 17-годишник, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека тепачката се случила помеѓу бегалците кои чекале во Патрас. Засега е непозната причината поради која дошло до овој инцидент.
Едни на други тие фрлаа камења и се удираа со палки. Во тепачката настрада 17-годишник кој беше хоспитализиран во болницата „Ајос Андреас“, каде што им подлегна на повредите.
Во тепачката беа повредени голем број бегалци. За овој настан е покрената истрага. Стотици бегалци чекаат неколку месеци во зградата на поранешната фабрика на пристаништето на преминот во Италија.