Ekipa
20 Април 2016•Ажурирај: 21 Април 2016
АТИНА (АА) - Во пожарот кој изби во бегалскиот камп на северниот дел од Грција изгореа повеќе од десет шатори, што предизвика протест на бегалците. Полицијата соопшти дека најмалку две лица се хоспитализирани поради вдишување на чад, јавува Anadolu Agency (AA).
Пожарот почна од еден шатор во кампот Дијавата во близина на Солун, а потоа се прошири на другите шатори. Не беше веднаш јасно што го предизвикало пожарот во кој изгореле 13 шатори, кој пожарникарите со брза реакција успеаа да го изгасат. Пожарот предизвика протест на стотина луѓе во кампот, а половина од нив го напушти кампот и излезе на улица обидувајќи се да го сопрат сообраќајот.
Повеќе од 2.300 бегалци живеат во кампот Дијавата. Околу 54.000 бегалци и мигранти се заглавени во Грција откако европските земји ги затворија своите копнени граници поради масовен протек на мигранти.