Erbil Başay
28 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
БЕРЛИН (АА) - Андреас Холштајн, градоначални на општината Алтена во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија е нападнат со нож, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на општината Алтена, Холштајн е познат по својата позитивна работа насочена кон азилантите во покраината.
Полицијата на Хаген соопшти дека лице на 56-годишна возраст, го нападнало градоначалникот Холштајн со нож, пред сендвичарница за донер на улицата „Маркштрасе“.
Во соопштението се наведува дека Холштајн е ранет во пределот на вратот.
Исто така, се вели дека луѓето кои се наоѓале на местото на нападот го фатиле напаѓачот, и чекале да пристигне полицијата.
Според локалните медиуми, напаѓачот бил под дејство на алкохол, и пред да го изврши нападот, го прашал Холштајн дали е градоначалникот на општината.
Во веста се наведува дека градоначалникот Холштајн по нападот бил одведен во болница.
Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е ужасната од нападот и додаде дека е среќна што Холштајн повторно е со своето семејство.
Во исто време, Меркел им се заблагодари на лицата што му помогнале на градоначалникот на местото на нападот.
Премиерот на покраината Долна Саксонија, Армин Лашет, наведе дека полицијата се сомнева оти нападот има политичка заднина, додавајќи дека напаѓачот на местото на настанот зборувал во врска со бегалската политика.