Davit Kachkachishvili
16 Март 2022•Ажурирај: 17 Март 2022
КИЕВ (АА) - Украинскиот Генералштаб соопшти дека 40 отсто од Вооружените сили на Руската Федерација, кои ја нападнаа земјата, ја загубиле борбената способност или се целосно уништени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение на Генералштабот се споделени најновите информации за војната меѓу Русија и Украина.
Се наведува дека 40 отсто од Руската армија, која навлезе на територијата на Украина, ја загубила моќта.
„Генерално, заклучно со 15 март 2022 година, 40 отсто од единиците [на Руската армија], вклучени во таканаречената „операција“ на територијата на Украина, се целосно уништени или ги загубија борбените способности“, се додава во соопштението.
Исто така, се нагласува дека за време на судирите во областа Чернобаевка во Украина само во последниот ден уништени се 7 борбени хеликоптери на Руската армија.