Şahin Demir
15 Септември 2026•Ажурирано: 15 Септември 2026
Воздушни напади се извршени врз складишта за оружје на јеменските Хуси во централната провинција Мариб, објавија денес јеменските медиуми, пренесува Анадолу.
Провладиниот информативен портал „Вест Коуст“ соопшти дека во нападите погодени се складишта за оружје на Хусите во областа Ал-Џуба, без да наведе детали за евентуални жртви или материјална штета.
Во одделен инцидент во Мариб владините сили на Јемен спречиле обид за инфилтрација на Хусите во областа Хариб, наведе медиумот.
Во друг инцидент медиумската служба на воената команда во Таиз соопшти дека воени авиони погодиле платформа за лансирање балистички ракети на Хусите на аеродромот во Таиз.
Локални извори, исто така, известија за воздушни напади насочени кон состанок на лидерите на Хусите во зградата на локалниот совет во Хадир, источно од Таиз.
Пријавените напади се случуваат во услови на ескалација на борбите меѓу Хусите и силите лојални на Владата. Во последните недели, во воздушни напади беа погодени и позиции, фортификации и локации за лансирање ракети на Хусите во провинцијата Таиз.
Јемен е зафатен од конфликт откако Хусите го зазедоа главниот град Сана во 2014 година, што доведе до интервенција на коалицијата предводена од Саудиска Арабија во март 2015 година, како поддршка на меѓународно признатата јеменска Влада.