Muhammet Kurşun
22 Ноември 2021•Ажурирај: 23 Ноември 2021
ТЕХЕРАН (АА) - Загадувањето на воздухот во Техеран, главниот град на Иран, предизвика смрт кај 3.751 лице во рок од една година, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Раководителот на Одделот за здравје на воздухот и климатски промени при Министерството за здравство на Иран, Абас Шахсуни, за студентската новинска агенција ИСНА сподели информации за проблемите предизвикани од загадувањето на воздухот.
Наведувајќи дека минатата година во Техеран животот го загубиле 3.751 лице поради загадувањето на воздухот, Шахсуни изјави дека овој проблем продолжува да се јавува секоја година и дека законот за чист воздух не се спроведува.
Шахсуни наведе дека старите и дизелски автомобили, мотоцикли и други горива се најголеми загадувачи на воздухот во Техеран.