Sümeyye Dilara Dinçer
07 Март 2023•Ажурирај: 08 Март 2023
АНКАРА (АА) - Во судир меѓу демонстрантите и полицијата во американската сојузна држава Џорџија приведени се 35 лица, известува Анадолу.
Полициската управа на градот Атланта (APD) соопшти дека дошло до судир меѓу полицијата и демонстрантите кои сакале да ја запрат изградбата на Центарот за обука за јавна безбедност во Атланта.
Во соопштението се наведува дека демонстрантите облечени во црно влегле во градилиштето и ги гаѓале претставниците на полицијата со големи камења, цигли, Молотови коктели и пиротехнички средства.
Полицијата информираше и дека демонстрантите го запалиле и уништиле материјалот на градилиштето. Приведени се 35 лица.
Во соопштението се додава дека е можно демонстрациите да продолжат и во наредните денови.