Faruk Zorlu
09 Април 2019•Ажурирај: 10 Април 2019
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили во воздушна операција во северен Ирак неутрализираа еден од клучните водачи на терористичката организација ПКК, соопшти денес турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерството го идентификуваше терористот како Мехмет Сојсурен, со кодно име „Саваш Порсипи“, кој се наоѓаше на листата барани лица од „црвената категорија“, листа на најбарани лица на Турција.
Министерството соопшти и дека терористот бил под надзор три дена пред нападот.
ПКК се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ. Во својата терористичка кампања која против Турција трае над три децении, убиени се повеќе од 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.