Bayram Altuğ,Bahattin Gönültaş
24 Јануари 2019•Ажурирај: 26 Јануари 2019
ДАВОС (АА) - Во извештајот насловен „Нова аргументирана визија за електрониката“, кој е подготвен од страна на Светскиот економски форум (WEF) и Коалицијата за е-отпад при Обединетите нации (ОН) се наведува дека секоја година во светот се произведува електронски отпад во вредност од 62 милијарди долари, пренесува Anadolu Agency (AA).
Овој извештај беше презентиран на 49. Светски економски форум организиран во швајцарскиот град Давос.
Во извештајот се вели дека секоја година се произведува електронски отпад од 50 милиони тони, и дека се очекува оваа бројка во 2050 година да се зголеми на 120 милиони тони.
Според овој извештај, вредноста на годишно произведениот електронски отпад на глобално ниво изнесува 62 милијарди долари, стапка која е трипати поголема од вредноста на годишно произведената руда сребро.
Во извештајот се вели дека годишно произведениот електронски отпад од 50 милиони тони е поголем од тежината на сите комерцијални авиони произведени досега.