Said İbicioğlu
11 Јуни 2019•Ажурирај: 11 Јуни 2019
РИЈАД (АА) - Саудискаите власти соопштија дека во градот Хамис Мушајт, во југозападниот дел на земјата, се срушени две беспилотни лета на Хусите од Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на саудиската официјална новинска агенција СПА, портпаролот на коалициските сили, Турки ел Малики, истакна дека воздушно-одбранбениот систем синоќа срушил две беспилотни летала во градот Хамис Мушајт.
Малики ги обвини Хусите дека последователно вршат обиди за таргетирање на цивилните подрачја, и, како што рече, овие обиди секојпат резултираат со неуспех.
Хусите во Јемен, во последните години таргетираат различни подрачја на оваа земја, користејќи балистички проектили од среден и долг дострел, како и беспилотни летала, кои обично се неутрализираат од страна на воздушно-одбранбениот систем на Саудиска Арабија.
Хусите од септември 2014 година ги држат под контрола јеменскиот главен град Сана и некои други подрачја. Коалициските сили под водство на Саудиска Арабија, од март 2015 година ѝ даваат поддршка на јеменската Влада против Хусите.