Ekipa
01 Февруари 2020•Ажурирај: 03 Февруари 2020
ИСТАНБУЛ/ИДЛИБ (АА) - Канцеларијата за координација на интервенциите во Сирија соопшти дека 188 цивили загинале во минатомесечните напади на силите на Асадовиот режим и неговиот поддржувач Русија, во Идлиб, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според извештајот на Канцеларијата за координација, во бомбардирањата на силите на Асадовиот режим и Русија извршени минатиот месец во Идлиб од вкупно 188 загинати цивили 64 се деца.
Меѓу загинатите се и двајца вработени на Цивилната одбрана, како и еден здравствен работник.
Цел на минатомесечните напади на режимот и Русија беа 28 училишта, 7 шаторски градови, 11 здравствени објекти, 9 пазари, 19 места за богослужба, 5 центри на Цивилната одбрана, 3 хидроцентрали и 2 термоцентрали.