Islam Uddin
25 Октомври 2024•Ажурирај: 29 Октомври 2024
ИСЛАМАБАД (АА) - Најмалку 11 припадници на безбедносните сили и 19 милитанти загинаа во различни напади и судири во Пакистан, соопштија денес официјални претставници, јавува Анадолу.
Најмалку 10 припадници на граничниот констабулар загинаа во напад на милитантите на безбедносен контролен пункт во областа Зам во Дера Исмаил Кан, изјави Али Амин Гандапур, главниот министер на северозападната провинција Хајбер Пахтунхва.
Одговорноста за нападот ја презеде Техрик-е-Талибан-е-Пакистан (ТТП), чадор-група на неколку милитантни групи.
Милитантите извршија напад и на окружна штедилница во Јужен Вазиристан и убиле еден полицаец, според полициски портпарол.
Во одвоено соопштение, пакистанската Армија соопшти дека нејзини војници убиле најмалку девет милитанти во операција базирана на разузнавачки информации во подрачјето на Баџаур во близина на границата со Авганистан.
Армијата истакна дека имало двајца „бомбаши самоубијци и една високоприоритетна цел“, се вели во соопштението.
Најмалку 10 милитанти биле убиени од полицијата во друга операција во областа Мајнвали во североисточната провинција Пенџаб, се вели во соопштението на полицијата.